ВИДЕО: Повик за масовен протест пред Уставен суд-да се соочат судиите со народот

Од:

Повик до сите граѓани да излезат на масовен протест кој ќе почне со марш во вторник, а ќе продлжи со бдеење пред Уставниот суд каде во среда ќе се чекаат уставните судии. Граѓанската платформа „Ајде“ повикува на одбрана на Уставот од уставните судии и на спречување на криминалот што дел од нив го прават.

Намерата да се прогласи законот за неуставен и тоа поради одредбата дека одредени кривични дела не можат да бидат помилувани од претседателот е со цел за понатаму да не можат да бидат казнети сите оние кои ќе извршат изборен криминал во изборниот процес што следи, рече Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншки комитет.

„Ајде“ ќе започне во вторник во 18 часот со марш од пред Владата на РМ, ќе се поминува пред народната канцеларија на престедателот, па Собранието на РМ и ќе заврши пред Уставниот суд каде ќе има бдеење пред судот, и каде ќе се чекаат судиите кога доаѓаат на работа.

– Ги повикуваме граѓаните да ни се продружат во вторник, за да го изразиме револтот за криминалот и за она што сака да се случи-да се урне правната држава и правдата. Ќе бараме оставки за судиите, добро знаете за кои, целиот криминал во Уставниот суд се случува по изборот на одредени уставни судии од оваа власт. Доколку пројде и оваа иниицјиатива може да се случи да се расправа и за законот за специјалната јавна обвинителка, постои многу добро утврден план и не случајно се избрани судии кои по дикатат ќе им служат на интересите на власта. Доколку пројде оваа иницијатива, ние ќе продолжиме со протестите, се надевам ќе проработи совеста кај судиите, рече Пировска.

Би можело да ве интересира

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска