(ВИДЕО) Потпретседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Павле Арсоски денеска на средби во Вевчани и Струга

Од:

Караваните на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија под работен наслов „Со срце за нашата општина“ работат со полна пареа низ целата држава, рече во изјавата за медиумите потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски во Вевчани.

Притоа тој додаде:

„Целта на овие каравани е да оствариме средби со членовите, симпатизерите на Движењето и да ги слушнеме нив, нивните мислења, размислувања. Да ги слушнеме нивните проблеми во општините и на тој начин да изработиме што е можно подобра изборна програма. Во изминатиот период започнавме и процес на составување на листи за советници во сите општини каде што имаме општински организации, а таму каде што немаме, ќе распишеме јавен повик за заинтересирани коишто би
настапиле под знамето на Движење ЗНАМ. Нашите листи ќе бидат со најдобрите кандидати, а ќе имаме реална, конкретна и остварлива програма“, рече Арсоски.

Тој се задржа и на одржаниот Втор Конгрес на Движењето на кој беа избрани органите и телата на партијата со мандат од четири години и потенцира дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија која постојано расте, како со членство, така и со нејзината инфраструктура.

Арсоски нагласи дека Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија по одржувањето на локалните избори ќе има советници во сите општини каде што ќе настапи со свои советнички листи.

Би можело да ве интересира

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

Карапејовски: Пржинската влада мора да биде укината

Горан Наумовски