(ВИДЕО) Портпаролката на Фон Дер Лајен не потврди дека ЕУ го признава македонскиот јазик

Од:

Портпаролка на Европската комисија, Дана Спинант денеска изјави дека вчерашните зборови на претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен кажани во македонското Собрание значат дека таа зборува за „јазикот користен од луѓето во Северна Македонија, што таа го нарекува македонски јазик“.

Спинант ова го одговори на прашањето на дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска, дали вчерашната изјава за почитување на македонскиот јазик од Фон дер Лајен во Собранието значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик.

По одговорот, Милевска одново ја праша дали тоа значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик, а Спинант рече дека нема да навлегува во толкување на изјавата на Фон дер Лајен и повторно рече „јазикот кој го зборуваат луѓето во Република Северна Македонија”.

-За импликациите кои ова ќе го има за нешто што е повеќе техничко како на пример Договорот за Фронтекс јас ќе прашам. Проверував за да видам дали има нешто ново, но нема. Ќе проверам дали има нешто ново и дополнително ќе ве известам – изјави Спинант.

На ново прашање дали тоа значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик, Спинант додава дека нема да навлегува во толкување на изјавата на Фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Девојката ме остави, не можев да се освестам цела година, исто е и со Европа

Катерина Ѓуровски

ЕУ ѝ довери итна задача на претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Поважно од кога било да се фокусираме на Украина

Фон дер Лајен: Данска и Гренланд имаат целосна европска поддршка

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх