(ВИДЕО) Поповски: Нема никаква дискусија околу датумот на изборите

Од:

На денешната лидерска средба на коалицијата За подобра Македонија се разговарало за програмата која е во завршна фаза и треба да се финализира и за предизборната кампања, соопшти Никола Поповски од ВМРО – ДПМНЕ и министер за надворешни работи, по денешната средба на партиите од коалцијата „За подобра Македонија“.

– Во овој период, се разбира, дискутираме и околу охрабрувањето сите политички актери да учествуваат на еден конструктивен начин да учествуваат во оваа кампања, многу значајна за РМ и се разбира дека секој ја носи одговорноста за своите одлуки во делот на упатување на вистинските пораки до гласачите, рече Поповски

Според него ако опозицијата ги бојкотира изсборите, ќе трпи последици.

– Нема и нема да има никаква дискусија околу датумот на изборите, кој е одлучен од Собранието на РМ и загарантиран со Устав и закон. Се разбира дека секој политички чинител во Македонија има услови и избор да учествува или да не учествува на избори, воедно со одлуката ги носи и сите последици кои одат со тоа, многу е јасно дека само со учество на изборите може да се учествува во градењето на политиките. Така е во која било држава и било кој, што верува во функционирање на демократска земја мора да учествува на избори и на тој начин да се избори за своите позиции, рече Поповски

На новинарско прашање дали коалицијата ќе остане на својот став да има избори на 5 јуни иако ДИК се изјасни дека не е прочистен Избирачкиот список, Поповски одговори дека ДИК е институција која оперативно ги спроведува изборите,а Владата е расположена да помогне во кој било сегмент.

– Крајната одговорност ја носат институциите во РМ и не треба да оставаме никаво размислување дали може или не може, описот на работните задачи е да спроведе избори, рече Поповски

Тој тврди дека не треба да има никаква дилема дека ќе се прочисти Избирачкиот список бидејќи сите институции се ставени на располагање на ДИК.

– Друга алтернатива не гледам, рече Поповски.

Тој кажа дека на средбата на партиите од Коалцијата, иако е е министер за надворешни работи, учествувал во својство на член на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.И Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија на РМ, Живко Поповски од ПОДЕМ и Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ во изјава за медиумите потврдија дека имаат намера да одат на избори на 5 јуни.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата