(ВИДЕО) Поповска: Нема да гласам „за“, ако остане дефиницијата за вонбрачно партнерство

Од:

Пратеничката Лилјана Поповска на јавната расправа за уставните измени кажа дека за неа е неприфатлив амандманот со кој се регулира вонбрачната заедница и најави доколку не се врати на првичната верзија дека нема да гласа за истиот.

-Јас ќе поднесам амандман за да се избрише додавката и да се врати првата дефиниција. Ако се инсистира на овој и ваков амндман, тогаш нема да можам да го поддржам, зошто не смееме ништо и никого да дискриминираме, ни свесно ни несвесно, рече Поповска.

Според неа проблемот е што уставните измени за бракот претрпеа измени во текот на летниот период, односно дефинирањето на вонбрачната заедница.

Во првата верзија бракот беше дефиниран како заедница на еден мажи и една жена, а сега му е додадена дефиниција за вонбрачно партнерство со кое се дефинира какво смее да биде истото.

Со овие измени амндамнаот стана проблематичен за мене и во исто време неприфатлив. Се навлегува во приватната сфера на граѓаните што е недозволиво, според сите конвенции за човекови права.

Како може државата да се меша во приватниот живот на луѓето и да ѕирка во нивните домови. Не само ЛГБТ ќе бидат оштетени, туку и многу други луѓе кои живеат во некаква заедница. ако е дозволено партнерство само меѓу еден мажи жена, тогаш се друго е забрането, а ако е забрането тогаш државата може да ги гони ЛГБТ луѓето. Да не создаваме измислени непријатели, се работи за ЛГБТ луѓе кои имаат подеднакво право на живот. Тие не смеат да бидат понижени, дискриминирани, и не треба да се мразат. Треба да сфатиме дека државата на овој начин ќе се судри со меѓународното право, вели Поповска.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов