(ВИДЕО) Попова: Шилегов нема преземено ништо за подобрување на квалитетот на воздухот

Од:

„Воздухот во Скопје станува се позагаден, светските медиуми известуваат за Скопје и Македонија како подрачје каде загаденоста на воздухот е најголема во Европа. Петре Шилегов кој година дена е градоначалник нема преземено ништо во насока на подобрување на квалитетот на воздухот.

Подолг период не функционираат мерните станици во Гази Баба и Лисиче, а мерната станица во Ѓорче откако покажа енормно ниво на загаденост беше изгасена. Власта наоѓа пари за луксузирање, скапи цвеќиња, кафе и лубриканти, но нема пари кога станува збор за поправка на мерните станици“, рече Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов и Министерството за животна средина да не наоѓаат изговори и во најбрз можен рок да извршат сервисирање и поправка на расипаните мерни станици. Обврска на власта, а право на граѓаните е да знаат за квалитетот на воздухот кој го дишаат.

Граѓаните не смее да бидат држени во незнаење и мрак во однос на животната средина и воздухот кој го вдишуваат. СДСМ не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните.

Шилегов и СДСМ ги изманипулираа граѓаните, едно од главните предизборни ветувања на градоначалникот беше чист воздух и чиста животна средина. На страница 7 од програмата на Петре Шилегов за локалните избори која ја нарекоа „живот за сите“, напишаа: – „Наш приоритет е подобрувањето на квалитетот на воздухот, а со самото тоа и квалитетот на животот за сите. Во градот ги носиме најреволуционерните патенти за прочистување на воздухот на денешнината, применети во најзагадените градови во светот, каков што е, на пример, градот Пекинг.“ – Една година подоцна ништо од почистиот воздух и ништо од револуционерните решенија.

Една година како Шилегов е градоначалник, а тој нема преземено ниту една мерка за справување со загадувањето, а не пак нешто револуционерно како што ветуваа. СДСМ и Шилегов ги излажаа скопјани и тоа за најчувствителното прашање, токму затоа треба да си замине“, изјави Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен