(ВИДЕО) Попова: Шилегов наместо нов мост, си изгради викендица во Маврово

Од:

Две години Петре Шилегов. Две години измами. Две години неработа и неспособност. Две години Скопје стои во место. Се наоѓаме на крајот на булеварот „Илинден“, сообраќајница за која Петре Шилегов вети продолжување кон општина Ѓорче Петров со нов мост преку Вардар, рече Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје, на денешната прес-конференција.

„Петре Шилегов е две години крадоначалник, а најавениот проект продолжување на Илинденска со нов мост преку Вардар остана само празно слово во партиската програма.

Шилегов помина две години како крадоначалник, но наместо нов мост преку Вардар во Ѓорче и продолжување на Илинденска тој си изгради викендица во Маврово. Скопјани се излажани и изманипулирани од Петре Шилегов и СДСМ.

Лагите на Шилегов излегоа на виделена. Две години нема кружен тек кај „Мавровка“ кој го вети, ги нема ветените нови паркови, нема продолжување на „Словенечка“, нема пешачки мост помеѓу Аеродром и Гази Баба, го нема ниту ветениот чист воздух, нема ниту пешачка зона на кејот на Вардар кај ГТЦ, ја нема ветената реконструкција на две средни училишта „Лазар Танев“ и „Кочо Рацин“ кој и понатаму функционираат во бараки, нема нова Универзална сала, нема решение за кучињата скитници, ниту за сообраќајниот хаос, но затоа има шминка и криминал.

Најголемиот криминал е со продажбата на Градската куќа, каде однапред се знае купувачот и зградата која Петре ја таксал, само не се знае провизијата на овој бонбона бизнис на Петре Шилегов.

Лагите, криминалот и неработата се неговата главна одлика. Шилегов е неспособен да работи и реализира проекти. Скопје мора да сврти нов лист. А, Шилегов мора да си замине. Време е за обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.“, наведе Попова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот