(ВИДЕО) Попов: Заев и Шилегов со багери ги газат граѓаните кои не се согласуваат со нивните политики

Од:

Само во Кина во време на наjбруталниот комунизам со тенкови се газеа студенти кои не се согласуваа со политиките на власта. Заев и Шилегов сега со багери газат граѓани кои не се согласуваат со нивните политики, рече Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

– Жичарата која е на сите граѓани е исклучена од употреба со соопштение дека се сервисира се со цел да се спречат поголем број на луѓе да се придружат на протестот. Оваа тоталитарна власт дури им забрани и на медиумите да известуваат за овие протести се со цел јавноста да се спречи да дознае што точно се случува на Водно. Лажните душегрижници и борци за чист воздух од власта со месеци ја лажеа јавноста дека шумата на Водно нема да се сече за подоцна да видиме дека откако ја исекоа решија дека треба да ја сочуваат, рече Попов.

Како што кажа тој, Шилегов и Власта правеле егзекуција на Водно.

– ВМРО-ДПМНЕ повикува власта под итно да прекине со ова дрско и безобразно разбивање на протестите. СДСМ треба да знае дека протестот е уставно загарантирано право на секој граѓанин на Република Македонија. Зоран Заев, Петре Шилегов и сите други инволвирани во овие немили настани под итно да престанат да го загрозуваат животот на граѓаните и да им дозволат да го искористат своето право на протест, рече Попов.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?