ВИДЕО: Поплавите ронат патишта и ѕидови – Спасовски и Николов во Чашка

Од:

Граѓаните на општина Чашка се мачат со последиците од обилните врнежи дожд. Проблем има со одводот на водата. Нема соодветна инфраструктура.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и пратеникот Марјанчо Николов, денеска ги посетија населените места во оваа општина.

Во Мелница се евиденти големите штети.

-`Се е однесено, нема соодветни канали. Само од ова ридче водата ми го однесе потпорниот ѕид. И никој не помага, вели жител на Мелница.

Луѓето овде посочија и на целосно раскопаниот пат од дождовите, за којшто се дадени средства од Светска банка.

-По ископаните и пропаднати улици не може да се мрдне. Болен човек со возило не може да се пренесе, се жалат жителите.

Тие велат дека комисиите за проценка на штетата влегуваат само во домовите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски и Николов ги соопштија определбите и заложбите на СДСМ за инвестиции исклучиво според интересите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни