ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени стотина 100 овци и 120 јагниња

Од:

Надојдената вода од реката Тркања вчера попладне однесе 120 јагниња и 100 овци од шталата на Никола Колев во селото Костурино, лоцирана на местото „Шепово“.

Според сопственикот, се се случило за помалку од 10 минути, а надојдената вода влечела се пред себе.

– Од брзата и надојдена вода, која достигна над два метри, не успеавме да ја отвориме шталата и да ги извадиме јагнињата и овците. Штетате е голема. Во еден момент постоеше опасност и нас да не повлече водата, мене и брат ми Никола, но успеавме да се спасиме, раскажува Зоран Колев.

Тој денеска ја пријавил штетата во Општина Струмица, а загинувањето на јагнињата и овците го пријавил и кај другите надлежни служби, кои треба да излезат на терен и да ја утврдат висината на штетата.

Забележано поплавување на дел од земјоделски површини и неколку дворови во селата Муртино и Сачево, информираа утрово од Регионалниот Центар за управување со кризи во Струмица.

Според информацијата оттаму, нивото на водите во реките се стабилизира, посебно на реката Тркања кој вчера преливаше пред влезот во Струмица, а екипи на ЈП „Плаваја“ од Радовиш работат на мостот на истоимената река меѓу селата Јаргулица и Покрајчево каде се регулира одвивањето на сообраќајот.

Во Валандово е излеана Калковска река преку регионалниот пат Валандово-Удово, но со интервенција на механизацијата се санира излевањето.

-Ангажирана е механизација на комуналните претпријатија за санирање на критичните места, а таму каде е потребно се поставува и песок, информираа од Регионалниот ЦУК во Струмица.

Синоќа градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, информираше преку својот фејсбук профил дека ги посетил критичните места во селото Муртино, а од вчера механизацијата на ЈПКД „Комуналец“ е на терен, а ангажирана е дополнителна механизација од приватниот сектор. Тој информираше дека вчера околу 17 часот состојбата е стабилизирана, а во текот на ноќта екипи останале на терен за следење на состојбата.

Според градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, во текот на вчерашниот ден и синоќа постоела опасност од излевање на реката Водочница кај Моноспитовскиот мост, но со брза реакција било спречено поплавување на селото Моноспитово.

Инаку, според утринските мерења на УХМР досега во Струмица наврнале околу 20 литри дожд на еден метар квадратен.

Би можело да ве интересира

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани