ВИДЕО: Помош за Украина се собира во Скопје, неопходни се десетици продукти за жителите погодени од војната

Од:

Медикаменти, храна, завои, но и шатори, алишта, хигиенски средства. Ова се само мал дел од донациите кои се собираат во Скопје за помош на Украинците погодени од војната. Пет камиони со помош од Македонија се испратени во Украина. Во најголем дел од нив имало вода донирана од компании, вели Олександр Урбанович, претседател на украинското здружение „Лесја Украинка“. Оваа акција доаѓа во денови кога во Украина војната се повеќе се разгорува. Пунктот е отворен во скопската населба Даме Груев, во општина Ѓорче Петров. Точната адреса е „Шарпланинска 4“.

„Ние имаме превозници кои се подготвени да ја однесат таа роба. Веќе вчера помогнаа компании, меѓу кои ‘Горска’ кои дадоа да го користиме магацинот за собирање на донации, а испратија и камиони со вода. Ми се јавија многу луѓе кои сакаат да помогнат, кој колку што може, па се решивме да го отвориме пунктот. Размислуваме да побараме помош и од некоја општина, која ќе ни дозволи да ставиме шатор за собирање на хуманитарна помош, бидејќи ние сме по надвор од центар на Скопје“, вели Урбанович кој додаде дека камионите стигнуваат во безбедните делови на Украина, потоа, помошта ќе биде споделена во градовите каде има потреба.

Тој вели дека жителите на Украина на почетокот можеби се плашеле, а сега, комуницираат ладнокрвно и се запишуваат да бидат вклучени во бранењето на нивната татковина. Според него, 80 отсто од Украинците се спремни да се борат.

„Мојот град се наоѓа помеѓу Киев и Харков, градот кои се на удар од војската. Кај нас нема бомбардирања. Има сирени кои се вклучуваат бидејќи не се знае каде ќе прелетаат ракети, авиони. Сега мојот град е мирен. Моите пријатели не ја напуштаат Украина“, објаснува тој.

Од медикаменти, според списокот потребни се парацетамол од 500 мг.;, мелксикам 7,5 мг.; ципрофлоксацин 500 мг.; стерилен завој од газа долг 7м и шорк 14 цм.; средства за запирање на крварење како завој за тампонирање со хемостатски средства; леплив фластер на неткаена основа долг 3-5м, широк 2-3цм.; термо ќебе на полиетиленска основа, водоотпорен маркер за цртање информации во сина боја, ножици за сечење облека и чевли, кутија со комплет за прва помош.

„Шатори, душеци, вреќи за спиење, греачи, хигиенски средства, женски влошки, пелени, светилки, портативни ламби, батерии, акомулатори, детергенти, дезентал, шампони, тоалетна, сапун, кеси за ѓубре“ се само дел од работите.

Во листата, се вели дека потребни се и донации како женска, машка, детска облека, војничка, термо долен веш, кебиња, јоргани, постелнини.

„Храна по список, без производи од животинско потекло како што се растително масло, шеќер, брашно, конзервиран грашок и пченка, просо, житарици, пченица, ориз, тестенини, квасец, маргарин за печење, бонбони, вафли, кечап, џем, кафе, чај, какао, конзервирана храна, пченкарен гриз“, стои во делот на храна која може да се донира.

Урбанович прашан дали ќе протестираат пред Руската амбасада, рече: „За да протестираш, треба некој да те чуе. Ние сега сме насочени да помогнеме“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украински удар на 2000 километри од линијата на фронтот, погодена рафинерија во Сибир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп „да речеме, до некаде“, донел одлука за продажбата на ракетите Томахавк за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Путин се смее на Западот и на неговиот молк за руските напади, жестока реакција на Зеленски

ВИДЕО: Украина го нападна Сочи веднаш по говорот на Путин

ВИДЕО: Пет жртви во рускиот напад на Украина, Зеленски упаси остра критика до САД и Европа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жесток руски напад на Украина, Полска повторно ги активираше борбените авиони