ВИДЕО: Полни кафеаните покрај Црн Дрим, тие кои не најдоа место за разладување во Охридско се капат во реката

Од:

Полни кафеани, ресторани, кафичи. Ваква е сликата покрај Црн Дрим во Струга. Реткост е да се најде празно место, а во одредени угостителски објекти се чека и ред, но и се моли за маса плус. Како и Охрид, така и во Струга изминативе два дена има лавина од туристи, но и повратници од странатво кои одморот го користат во родниот крај.

Наместо во гужвите на плажите на Охридското крајбрежје, многумина се разладуваат во коритото на Црн Дрим. Оние кои не најдоа место во угоститлските обејкти, со пешкири седат во слободните зони кај што нема маси и столици. А низ реката, пловат и отпадоци, како заштитни маски.

Плажите на крајбрежјето во Струга во пикот на сезоната се исполнети исто како и охридските. Лежалките полни, исто како угостителските објекти. Низ градот исто така има гужва во сообраќајоот. Најголем проблем во градот е паркингот, поради што возачите кружат за да најдат место кое во меѓувреме би се ослободило.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга