Силни полициски сили го чуваат паркот кај Бристол, каде што власта сака да ја гради барокната зграда на Советот за радиодифузија.
Целиот простор е ограден со тараби, уште рано изутрина простигнаа булдожери, а заштитни појаси од полиција, со штитови и полна опрема, има дури и на стотина метри од локацијата, зад зградите кај Бристол и кај Музејот.
Дел од припадниците на МВР коментираат дека има наредба уште по завршувањето на интервенцијата синоќа, „на готовс„ да бидат околу двесте припадници на специјалната полиција доведени од други градови, пред се од Куманово, како мерка на претпазливост доколку некој се обиде повторно да се доближи до паркот.
Освен присуството на полиција, целиот простор е под полициска опсада со поставените заштитни огради на неколку места на улицата Македонија и околу паркот кај Бристол.
Петар Клинчарски