ВИДЕО: Полицијата вечерва ја засилува потрагата по двете девојчиња, се појавуваат нови видеа на движењето

Од:

Полицијата, како што дознава А1он вечерва ја засили потрагата по исчезнатите малолетни ученички од Босилево. Приклучени се дополнителен број припадници на МВР за побрзо пронаоѓање на малолетните девојчиња. Паралелно, објавен е и телефонски број од страна на нивните родители за јавување на било каква информација за исчезнатите девојчиња, а се шири и апел на социјалните мрежи за нивно побрзо пронаоѓање.

Родителите ги молат граѓаните ако некој ги забележи веднаш да пријави во МВР или да се јави на телефонскиот број, а во Скопје се дојдени и многу роднини кои се вклучени самоиницијативно во потрагата. Се постираат и видеа на социјалните мрежи каде се видени девојчињата последен пат.

Двете девојчиња беа дојдени од Босилево Струмичко, на екскурзија во Скопје. Еднаото девојче има 12, а другото 14 години. Нивното исчезнување го пријавила наставничката која дошла со нив на екскурзијата откако не се појавило по долго чекање. Нивните телефони се исклучени.

Денеска (08.05.2023) околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Центар се изгубиле две малолетнички од струмичко кои биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје.Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред ТЦ Веро Џамбо. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките, соопштија од МВР претходно.

Би можело да ве интересира

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он