ВИДЕО: Полицајци на „Блаце“ лажно запишувале влез на Турци кои воопшто не ја поминале границата

Од:

Поднесени се кривични пријави против двајца полицајци од граничниот премин „Блаце“ затоа што евидентирале на влез во земјава турски државјани кои воопто не поминален а преминот.

– На 31.01.2024 и 05.02.2024 првопријавениот М.И. евидентирал лица државјани на Република Турција кои не оствариле влез на граничниот премин и кои воопшто не биле присутни на граничниот премин во тие денови. Второпријавениот К.С., раководител на смена, не извршил должен надзор врз работата на првопријавениот и на тој начин им овозможиле на лицата да го регулираат престојот во државата и покрај тоа што како странци го пречекориле дозволениот период за престој согласно законските прописи. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки именуваните да бидат отстранети од работното место и од министерството до завршување на дисциплинската постапка, објави МБР.

Би можело да ве интересира

Во прекин е товарниот сообраќај на Г.П. „Деве Баир“

Протеран Бугарин: На Деве Баир фатен со боксирач и транспарент со навредлива содржина

Германец и Албанка фатени со над 50 килограми марихуана на „Деве Баир“

Катерина Ѓуровски

Нормализиран сообраќајот на патот Крива паланка – Деве Баир

Од Крива Паланка кон Деве Баир поради одрон сообраќајот затворен за камиони, автомобилите се движат наизменично

Кривична пријава за полицаец од Деве Баир за примање поткуп