ВИДЕО: Полицаец од Крушево фрлил класифицирани документи во ѓубре

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против З.Н., полициски службеник во Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“, казниво по член 390 од Кривичниот законик, информираше Министерството за внатрешни работи.

– На 20.02.2024 во гаражата на ОВР Крушево, каде што биле одложени на чување службени материјали за чување во картонски кутии, земал дел од кутиите со службени материјали, меѓу кои имало и документи со одреден степен на класификација, и ги фрлил во приколка на Ј.П. „Комуна“, која во тој момент вршела редовно подигање на смет, со што уништил книги или спис што му припаѓаат на државен орган ОВР Крушево, се вели во соопштението од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука