ВИДЕО: Почнува реализацијата на 99 проекти во 75 општини со пренаменетите 35 милиони евра од ТАВ

Од:

Вкупно 35 милиони евра ќе добијат 75 општини во земјава за реализирање 99 инфраструктурни проекти. Целта на проектите е да се подобри квалитетот на живеењето на граѓаните, соопштија денеска портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.

Како што истакнаа Арсовски и Хоџа, со 49 милиони евра од кои дел се овие 35 милиони, согласно договорот со ТАВ склучен во 2008 година, требаше да се изгради карго аеродром во Штип, но се донесе одлука за пренамена на средствата по анализата за економската оправданост направена во февруари годинава.

Парите се за реализација на инфраструктурни проекти: водоводни мрежи, канализации, локални патишта, градинки, основни училишта, системи за водоснабдување, резервоари за вода.

Евентуалната позитивна разлика меѓу планираната и изведбената цена на проектите ќе биде платена на посебна сметка на Генералниот секретаријат на Владата и парите ќе бидат наменети за чистење на линданот од кругот на поранешната фабрика „Охис“.

-Владата одлучи 35 милиони евра за 99 проекти да добијат 75 општини. Прв пат над еден милион евра ќе добијат општините Шуто Оризари, Тетово, Кичево, Штип, Чаир, Струмица и Струга за проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните. Градот Скопје ќе има на располагање шест милиони евра за клучката Момин Поток и мостот Карпош. Во општина Тетово со 1,1 милион евра ќе се реконструира училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и ќе се изгради патот „Благоја Тоска“. И за општина Кичево се предвидени 1,1 милион евра за четири крупни проекти: реконструкција на центарот на градот, капела, центар за кучиња скитници и котлара, информира портпаролот Хоџа, изнесувајќи дел од проектите.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски