ВИДЕО: Почна реконструкцијата на булеварот „Видое Смилевски Бато“

Од:

Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот „Видое Смилевски Бато“, во Ново Лисиче, на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ до улицата „Февруарски поход“.

– Во изминатите две години Градот Скопје сериозно вложува во инфраструктурата во општината Аеродром – целосно ја завршивме реконструкцијата на улицата Февруарски поход, како и првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, по што почнавме да го градиме и новиот мост на Вардар, кон Ќерамидница – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Со овој градежен зафат, предвидена е целосна реконструкција на коловозот на булеварот Видое Смилевски Бато во двете насоки, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри. Вредноста на проектот изнесува околу 27,3 милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена.

Шилегов додаде дека очекува овој булевар да биде завршен и порано од предвидениот рок и упати апел до граѓаните да покажат трпение додека трае реконструкцијата и да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен