ВИДЕО: Почна изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“

Од:

Екипи на Град Скопје денеска ја почнаа изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Словенија“ и улицата „Македонска косовска бригада“ до раскрсницата со улиците „Бутелска“ и „Кемал Сејфула“, а како што соопштија од Град Скопје за проектот ќе бидат издвоени 150 милиони денари.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов наведе дека постојната улица „Босна и Херцеговина“ е изградена пред повеќе од 40 години, асфалтот не е заменет и широка е само седум метри, посочувајќи дека улицата ќе прерасне во нов модерен булевар што ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри.

– Поради констатираните пукнатини на коловозната површина и оштетувањата на улицата, но и поради тоа што претставува главна градска магистрала што ги поврзува општините Бутел и Шуто Оризари, решивме како еден од нашите приоритети да биде изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“, истакна Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје посочи дека новиот булевар ќе има по три коловозни ленти во двата правца, петметарски зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни.

– Нашата заложба е Скопје да го добие ликот како што е замислен во плановите. Ретко е во исто време во Скопје да се градат два нови булевари, два сосема нови сообраќајни коридори, а во моментов паралелно се гради втората фаза од новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, додаде Шилегов.

Градоначалникот на Бутел Смилевски се заблагодари на градоначалникот Шилегов за одличната соработка и реализацијата на овие два нови булевари на територијата на општината.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски