ВИДЕО: По 20 години СДСМ падна во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалник

Од:

Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новиот градоначалник на Струмица. По цели две децении, откако социјалдемократите ја презедоа локалната власт во 2005 година, доаѓа до смена на политичката структура што ќе раководи со општината.

Според неофицијалните резултати, Јанков е во убедливо водство пред кандидатот на СДСМ, Марјан Даскаловски, што му овозможува уште вечерва да ја прослави победата во досегашниот бастион на неговите политички противници и родниот град на поранешниот партиски лидер Зоран Заев.

Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ информираат дека нивниот кандидат има речиси двојно повеќе гласови од противкандидатот од СДСМ.

Довчерашниот градоначалник Костадин Костадинов, кој ја водеше Струмица во изминативе четири години, не успеа да обезбеди поддршка за нов мандат, откако дел од партиската база му ја даде поддршката на локалниот лидер Марјан Даскаловски.

Последен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беше Кирил Јанев, кој ја извршуваше функцијата од 2000 до 2005 година. Потоа, речиси цела деценија градот го водеше Зоран Заев, а по неговото заминување на премиерската позиција, функцијата ја наследи Коста Јаневски. Од 2021 година до денес со градот управуваше Костадин Костадинов.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини