(ВИДЕО) Питела: Заев разбира што значи лидер и се надевам дека ќе биде идниот премиер!

Од:

Дебата што се одржа во Холидеј ин на тема „Предизвиците и очекувањата од сегашната политичка ситуација и Европските перспективи“ организирана од Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, на која учествуваше Џани Питела, претседател на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент.

Делод неговиот говор:

Ричард Ховит беше еден од протагонистите на Договорот и тоа беше клучен чекор што беше преземен. Сега потребно е веднаш да се спроведе овој Договор и нашата сестринска партија работи напорно за да се постигне договор со другите партии. Иако нашата сестринска партија е во опозиција, сепак покажува високо ниво на одговорност. Тоа е многу значајна точка за да се заслужи довербата на граѓаните. Јас искрено се надевам дека овој договор ќе биде постигнат.
Мојата сестринска партија има конструктивна и позитивна позиција во целиот овој процес.

Во контекст на ова, сакам да ја истакнам и содржината на Програмата на мојата сестринска партија, во која е застапена солидарноста, потребата од промена на измени на економски политики, унапредување на човековите права, како и на човечки начин да се управува со бегалската криза. Сите овие концепти се присутни во Програмата на нашата сестринска партија.

Се сретнав со Зоран, лидерот на СДСМ и споделивме чувства на искрена европска верба, затоа што Зоран може и да покажува отпор, да стане против се, да биде и против ЕУ, но Зоран разбира дека лидерот е лидер и разбира кога треба да се преземе одговорност. Истата работа му ја имам кажано и на господинот Еди Рама, кога беше во опозиција. Ти треба да бидеш најголемиот поддржувач на ЕУ, дури и во опозиција и денес Еди е премиер на Албанија.

Навистина се надевам дека нашиот лидер во Зоран Заев ќе биде наредниот премиер на РМ. Јас ветив дека ако тој успеа да даде придонес кон спроведувањето на јулскиот Договор, јас со моите пријатели т.е. ние ќе биде тука во текот на изборната кампања да ја поддржиме нашата сестринска партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски