(ВИДЕО) Пировска: Закони имаме, ама треба да се спроведуваат

Од:

Македонија може да каже дека во согласност со европските стандарди има легислатива на мошне завидно ниво, но кај нас не е проблем легислативата. За таа легислатива да даде некаков ефект, треба тие што одлучуваат за правата на граѓаните, да ја спроведуваат таа легислатива, да ја имплементираат во пракса, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет на Македонија во неделното интервју на Радио Слободна Европа

РСЕ Дали на последниве избори е забележана таква политичка дискриминација или, пак, други нарушувања на човековите права?

Јас сакам да информирам дека Хелсиншкиот комитет почнувајќи од оваа година го следеше овој процес и во првиот и во вториот круг и сега во третиот круг во прегласувањето. Морам да кажам и јас таа своја оценка ја дадов после вториот круг, јас не можам да се согласам дека изборите поминаа во фер и демократска атмосфера, бидејќи најголем број на јавувања на граѓаните се однесуваше на нивните поплаки дека или на ден пред изборите или во текот на изборниот ден биле на некој начин корумпирани, застрашувани или потсетувани за која политичка опција треба да гласаат.

РСЕ: Тоа е нарушување на човекови права.

Апсолутно. Во тек на изборен процес државната администрација е таа којашто во најголем дел е корумпирана поради нивните работни места. Има администрација којашто брои 9.000 државни службеници кои постојано се потсетувани пред да започне изборниот процес за кого треба да гласаат бидејќи ќе постои можност да го изгубат своето работно место. Ние имаме информација дека во текот на предизборната кампања беа правени листи за нови вработувања. Заклучокот од сето ова што можев да го видам, да го чујам од информациите кои ми беа дадени на располагање е дека не беа корумпирани само граѓаните, беа корумпирани цели институции, според тоа не можам да се согласам со оценките кои ги даваат и одредени организации, па и меѓународниот фактор дека овие избори технички поминале во ред. Ние дојдовме до информации дека гласачите од Пустец, сите во еден ден добиле лични карти и дека сите се пријавени на една иста адреса.

Би можело да ве интересира

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

А1он

(ВИДЕО) Зеколи: Немаме капацитет за излез од кризата без странска помош

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Андоновски: Мора да има правда и одговорност

Емир Латифовиќ