(ВИДЕО) Петрушевски: Првин Заев, потоа Ковачевски, а сега и Филипче, го распродаваат националниот идентитет, како на пазар

Од:

Секогаш кога СДС е на власт, државните позиции се на продажба. Првин Заев, потоа Ковачевски, а сега и Филипче, го распродаваат националниот идентитет, како на пазар. СДС секогаш гледа на националните интереси како на средство преку кое доаѓаат на власт, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС сменија име, знаме, Устав. И секогаш пред да го направат предавството се колнеа дека нема да го направат тоа. По патот на Заев и Ковачевски, сега оди и ова СДС со Филипче, кој од сред Атина ја кодошеше Македонија.

Мотивите на Филипче се јасни. Тој не сака Македонија да оди во ЕУ, туку Филипче сака на патот кон ЕУ да ги распродава националните интереси за да краде. ВМРО-ДПМНЕ се бори Македонија да влезе во ЕУ, по критериуми кои важеле за сите и критериуми кои се демократска вредност. Филипче не се однесува како одговорен политичар, туку бара само начин како да дојде до позиција повторно да може да мести тендери. Шемата која ја видовме со Зобек мининг е само почеток за Филипче, доколку тој некогаш би имал власт, тврди Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО