(ВИДЕО) Петрушевски: Активист на СДС од Гостивар фатен со 12 пакувања кокаин и кеш

Од:

„СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови. Нов скандал на повидок од страна на член на СДС, кој пред 2 дена бил фатен со дрога“ рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„На 09.05.2025г, од информации добиени од свиркач, бил уапсен Слаѓан Марковски од Гостивар, активист на СДС, кој бил фатен со 12 пакувања кокаин и кеш. Ова е веќе сериозен проблем во редовите на СДС. По Јон Фрчковски, Андон Стојков, сега повторно член на СДС, Слаѓан Марковски, фатен со 12 пакувања дрога. Филипче нема каде да бега и да се скрие“ рече Петрушевски.

Тој јавно го праша Филипче „дали ќе се одрекне од Слаѓан Марковски, кој е активист на СДС? Дали ќе се одрекне и од Андон Стојков и Јон Фрчковски? Дали СДС со доаѓањето на Филипче, како чувар на местото на Заев, стана партија која секојдневно е поврзана со дрога и криминал?“.

„Македонската јавност има право да знае, а легитимно е да прашаме, дали Филипче има некаква поврзаност со членовите кои беа фаќани со дрога изминатиот период? Дали можеби и тој е влезен во некоја шема со дилање на дрога? Само пред да одговори, убаво да размисли. Да не испадне на крај како со златната виза за Дубаи“ рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

(ВИДЕО) Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал