(ВИДЕО) Петровска до Мицкоски: Неодлучноста со Резолуцијата во ООН ја маргинализира земјата на меѓународен план

Од:

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски, кое се однесуваше на негласањето, односно недавањето поддршка на резолуцијата за мир во Украина, поддржана од ЕУ во Обединетите Нации.

Во продолжение, интегрален текст од прашањето:

Премиере, ако на новинарско прашање да го објасните негласањето или недавањето на поддршка на резолуцијата за мир во Украина, поддржана од ЕУ, дадовте темелен и издржан одговор, наместо арогантниот ’така одлучивме‘, денес ќе ве прашував за инвестициите и економската иднина на оваа држава.

Ама, бидејќи така одлучивте и сè уште живеете во еуфоријата на последните парламентарни избори, моето прашање ќе се однесува логично, токму на последните случувања согласно со гласањето или негласањето во Обединетите Нации, кои за жал, уште еднаш потврдија, дека меѓународната политика која ја води оваа Влада, е бес компас и е хаотична.

И да биде пострашно, таа не е усогласена со европските партнери и политика.

Наместо да се движи земјата во рамките на доследна меѓународна политика, сведоци сме на импровизации кои ја ставаат Македонија во неизвесна позиција на глобалната сцена.

Додека другите европски држави тактички балансираат во сложените геополитички односи, вие, со својата недоследност ризикувате да ја маргинализирате земјата во европските и меѓународните политички кругови.

Негласањето ЗА европската резолуција за Украина дополнително ја разобличи оваа хаотичност. Со воздржаното гласање, Македонија се најде во несоодветно друштво со земји како Гана, Бангладеш и Замбија.

Додека сите наши соседи, како и земји со силни трансатлантски врски, гласаа „за“.

Ова ја отвора дилемата: дали Северна Македонија останува на европскиот пат или се движи кон геополитичка изолација? Нешто што за ВМРО-ДПМНЕ, од минатото не е непознато. Премиере, да се гласа воздржан, значи да се нема став или да се нема стратегија. Вие изјавивте дека сте тргнале во дипломатски поход, за да му објасните на светот какви неправди и се нанесуваат на Македонија.

Три пати бевте во САД, и лично јас тоа го поздравувам. За мене САД, се наш стратешки партер исто како и за вас. Има една разлика, за мене и за СДСМ, САД се наш стратешки партнер и кога сме власт и кога сме опозиција.

За вас тоа не е така. И затоа, моето прашање до вас е: Дали, при вашата дипломатска офанзива во САД, го соопштивте вашиот предизборен став, дека Преспанскиот договор е предавнички и дека треба да се менува, затоа што тој беше потпишан под покровителство и поддршка на сегашниот и тогашниот претседателот на САД, господинот Доналд Трамп и дали добивте гаранција за возврат на неодлучноста која ја демонстриравте во Обединетите Нации?

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации