(ВИДЕО) Петров: Однесувањето на демонстрантите од ДУИ е веќе видено од ИСИС

Од:

Однесувањето на демонстрантите од ДУИ е веќе видено од ИСИС во Ирак и Сирија. Светскиот македонски конгрес потврдува дека во Македонија нема да се повтори Украинското и Сириското сценарио, во Македонија нема да дозволиме војна со цел промена на името и рекомпонирање на идентитетот на Македонската нација, рече претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Птеров на протестот пред МВР.

Тој вели дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски треба под итно да обезбеди улови за изградба на крстот и да преземе мерки против сторителите кои го оштетиле имотот на парцелата.

Според него, Спасовски и неговиот помошник за градска управа на Скопје, Лазо Велковски на денот на осветувањето на крстот дале налог за прераспоредување на кордоните од полицијата со цел демонстрантите предводени од ДУИ да се сретнат со граѓаните кои беа на осветувањето и да настане општа тепачка.

Тој прашува дали е ова сценарио на помошникот на министерот, Едмонд Адеми дека требало да се лее крв по улиците во Македонија и дали со прераспоредувањето, кое според него било договорено со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, Спасовски сака СДСМ да влезе во коалиција со ДУИ.

– Неприфатливи се омразата и одмаздата против крстот како симбол на верата, мирот и љубовта. Македонците не срушиле ниту една дивоградба џамија. Се има граници, вели Петров

Тој истакна дека министерот мора да си ја изврши работата пред граѓаните да ги земат работите во свои раце.

– После физичкиот напад од Изет Меџити и Бекир Асани, останав жив. И покрај потресот на мозок поради ударите, смогнав сили да дојдам денес. Ова што ми се случи мене не посакувам никому да се повтори, најважни се животите и имотите на граѓаните. СМК најостро го осудува вандализмот и демолирањето на градилиштето и сквернавењето на осветените и благословени темели на крстот од протестанти предводени од дел на раководството на ДУИ, рече Петров.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тодор Петров контра самиот себе: Имал или немал потрес на мозок?

А1он

(ВИДЕО) Божиновска: Не ми пречи орелот, Оливер мора да го чува крстот

А1он

(ВИДЕО) Петров: Стевчо предавството го направи од личен интерес за да ја сочува фотељата

Емир Латифовиќ

Петров прв ја стартува кампањата на СДСМ

Емир Латифовиќ