(ВИДЕО) Петров: Наместо 120 евра, 1 евро за метар квадратен за легализирање на терасите во Карпош

Од:

Еден од најзначајните проекти на Андреј Петров, кандидатот за градоначалник на Карпош од „Сојзот за иднината“, е исправање на една од најголемите неправди према жителите на Карпош.

„Ќе донесеме одлука, легализацијата на терасите наместо 120 евра да биде 1 евро квадрат. Ова е за граѓаните. Стоп за дебармаалиацијата на карпош. Сите маркици, особено последнава година, кои се вцртани во зелени површини ќе се отстранат“, рече Петров.

Ќе се рагледа можноста, оние кои го платиле полниот износ за легализација на терасите, да ги добијат парите назад.

На жителите на Карпош им порача да го сочуваат достоинството и да не дозволат, како што рече, резервниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, да ги шета како циркус, товарејќи ги во автобуси.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември