(ВИДЕО) Петрески: Валканата политичката кампања за локалните избори во Охрид го достигнува својот врв

Од:

Валканата политичката кампања за локалните избори во Охрид го достигнува својот врв, и таа ќе кулминира за време на викендот смета кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ Александар Петрески.

„Сметам дека врвот на нечистата кампања ќе кулминира во петок и сабота.Убеден сум во тоа иако Гебелс не е жив, другиот Гебелс е во Охрид. Убеден сум во Гебелсовите методи кои ќе го дадат максимумот во петок и сабота, кога Охрид ќе биде преплавен со плакати и пароли, пишани текстови, фотографии и недолични работи кои не недоличи“, рече Петрески.


Петрески рече дека иако од ВМРО ДПМНЕ постојанио повикувале дека се за чиста и фер кампања, го докажале спротивното.

„Полошо од ова што сега се случува е да има пукање како што имаше пред неколку години. Дали слушнавте од ВМРО ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник да се оградат од кршењето на штабови, од аферата што ја направија на директорот на ЕМУЦ. Ако не гледа Бакралески Сител и ако не слушнал го повикувам да погледне она што беше кажано.Нека излезе јавно и нека каже дали се оградува од тоа или не се оградува“, рече Петрески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија