(ВИДЕО) Петрески: Петте кандидати се принудени или „замолени“ од ВМРО-ДПМНЕ да влезат во изборната трка

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]
Покрај Никола Бакрачески од ВМРО ДПМНЕ, во последен момент во пет до дванаесет, свои кандидатури за градоначалници за Охрид поднесоа и Васил Ристевски од Социјал Демократската унија на Македонија и Александар Митрески од Социјалдемократската партија.

ДПА на Мендух Тачи во Охрид ќе се трка со Фетак Елмази.

За актуелниот градоначалник на Охрид од СДСМ, Александар Петрески станувало збор за режиран процес од страна на ВМРО ДПМНЕ, бидејки овие партии и нивните наводни кандидати биле блиски до владеачката гарнитура

„Залудно го носат името Социјалдемократи бидејки тие се блиски со ВМРО ДПМНЕ.Тие се замолени или принудени од ВМРО ДПМНЕ да излезат со кандидати.Познато е дека Лазар Еленовски е претседател на СДУ, Еленовски е амбасадор кој е испратен од оваа Влада, тој беше дел од оваа Влада. И сите кандидати кои се излезени како и повеќето советнички листи или се под принуда или се во договор со ВМРО ДПМНЕ. Ова е само да се излаже народот. Социјалдемократската партија не постои, таа е измислена партија. На времето излегуваше со кандидати кои носеа слични имиња на нашите кандидати, а сега извадија кандидат со исто мое име Александар, за да ги збунат гласачите и работат во служба на ВМРО ДПМНЕ и се нивни платеници“, рече Петрески за А1.

Петрески очекува дека договор за демократски избори во Македонија помеѓу сите политички чинители во државата сепак ќе има.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Земјотрес во Охрид