(ВИДЕО) Петрески: Не сум двоцевка во мене да се заљубува некој си Бандини

Од:

Само премиер како Груески може да рече дека сум заспал на средбата со некој си Бандини чии блиски рекоа дека се вљубени во него и неговата влада рече Александар Петрески од Охрид каде Здружената опозиција одржа митинг.

„Јас не сум двоцевка во мене да се заљубува, во него нека се заљубува. Кажаа една изрека, Земи земјо,  голтни ме! Дај Боже, нека зини земјата и нека го лапни како тој во Америка. Никола јас можеби погрешив што бев на таа средба, погрешив што седев со луѓе што имаат товар како ФИКОМ во твојот мандат“, рече Петревски.

Во меѓувреме  ДПМНЕ може да го праша нивниот кандидат за градоначалник, кој е одличен доктор, или некој од медицинарите од листата на советници на нивната партија, каква терапија трeба да земaат на 24 март, со цел полесно да го пребродат поразот порача Петревски.

ohrid sds1

„Почитуван Д-р Бакрачески, вчера си се изненадил од бројот на луѓето на митингот. Докторе, Охрид видел и поголем број, но туристи, а не митингаши. Сите тие кои ги донесовте се потенцијални туристи, луѓе од други градови, луѓе кои вчера дојдоа принудно, а на лето доаѓаат доброволно. За какви притисоци зборуваш докторе кога вие сте застравувачите, тепачите, диктаторите“, рече Петревски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември