ВИДЕО: Пет месеци по трагедијата, родителите на жртвите повторно маршираа во Кочани

Од:

Точно пет месеци по страшната трагедија, денеска во Кочани се одржа 18. „Марш на ангелите“ на кој учестуваат семејствата на жртвите и поддржувачи.

„Се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без прегратките и гласот на нашите најмили. Во овие месеци болката не стивнува. Спомените нѐ држат исправени“, изјави Розета Џамова, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов.

Семејствата ги повторија барањата за целосна и непристрасна истрага.

Дел од учесниците на протестот обвинија дека полицијата задржала граѓани од други градови кои сакале да им се приклучат. Според нив, луѓето биле дваесетина минути задржани на влезот на Кочани.

Би можело да ве интересира

Левица: Нечовечноста на Владата го остави за министер обвинетиот Шабан Салиу

16. Марш на ангелите во Кочани: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“?

Горан Наумовски

Апасиев го тужи Гаши за Надзорната расправа за трагедијата во Кочани

Се запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница

Горан Наумовски

Предметот за пожарот во „Пулс” префрлен во надлежност на скопското Обвинителство

Продолжен е притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“