(ВИДЕО) Пенов: Центар на 24. март да гласа за Андреј Жерновски

Од:

Топла препорака од еден од најпопуларните градски татковци, Ристо Пенов, граѓаните на Центар на 24. март, својот глас да го дадат за Андреј Жерновски.

Во програмата на Жерновски, рече Пенов, е вграден голем дел од неговото искуство но и од инвентивноста на Жерновски. Посочи дека кога тој бил градоначалник и се градеше Скопје, Жерновски, му бил близок соработник.

„Тој како еден од најмладите соработници, работеше н изградба на плоштадот Пела, на платото и фонтаната пред Универзална сала, канделабрите во стариот парк, булеварот Кочо Рацин, детската градинка во Капиштец.

– Одговорноста, ведрината, исполнителноста, кои го красеа Жерновски, доведоа до конечна реализација на проектите. Знаеше да комуницира со оние за кои е наменет проектот, а не како сега кога со насилие се носат поектите за Центар“, рече Пенов.


Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија