(ВИДЕО) Пендаровски: Просечна плата до 30.000 денари за живот на сите

Од:

„Навистина ми е жал што морам на ваков начин да се обратам за една значајна тема, но не ми останува друг начин бидејќи мојот политички опонент избира термини кога сака да зборува на телевизии а за тие термини ние не добиваме никаква покана.

И на ваков начин ќе морам да ви се обратам за темата која е најважна за сите граѓани на Република Македонија. Станува збор за просечната плата. Се надевам дека нашите политички противници ќе се одважат и ќе почнат да излегуваат на дебати за да можеме да ги соочиме пред целата македонска јавност нашите ставовите за битни прашања.

Ако му верувате на официјалниот Завод за статистика, просечната плата во Македонија е околу 21.000 денари. Меѓутоа сите ние што живееме во Република Македонија и што едвај врзуваме крај со крај знаеме дека тоа е далеку од вистината. Најмалку 30 до 40 проценти од сите луѓе за кои се тврди дека земаат просечна плата од над 21.000 денари, не земаат ништо или не земаат плата во тој износ со месеци. И да е таа бројка точна, и да претпоставиме дека таа бројка е факт што не е, и со таа просечна плата Македонија е на дното на регионот на Западен Балкан, ако се споредува со било чија просечна плата од БИХ, преку Црна Гора, Србија, Албанија па се до Косово.

Нашата заложба која ќе ја спроведеме веднаш по 11 декември е просечната плата во првите 4 години од мандатот на новата Влада предводена од СДСМ да биде 30.000 илјади денари. Тоа ќе биде реална плата во целиот износ, а не фиктивна како што сега стои во соопштенијата на државниот Завод за статистика, напишани во Штабот на владеачката партија.

Зошто го правиме ова? Затоа што за нас, секој човек и секој работник е важен“, изјави Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалцијата во ИЕ 1.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Двосменско работење и поволни цени за престој во градинките како поддршка на младите семејства

(ВИДЕО) Филипче: Ние не водиме црна кампања туку ја кажуваме црната вистина која е резултат на политиките на Мицкоски

Горан Наумовски

БРТ-систем, нови мостови, дигитализација на ЈСП и „Зона 30“ – клучните проекти од сообраќајната визија на Шукова

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици