(ВИДЕО) Пендаровски: Како претседател ќе поттикнувам политики што обезбедуваат унапредување и заштита на работничките права

Од:

„Нашите граѓани заслужуваат достоинствен живот во сопствената земја и јас како претседател ќе поттикнувам политики кои токму ова го овозможуваат. Особено ми е драго што од септември 2017 имавме покачување на минималната плата на 12.000 денари. Уште поважно е што таа се изедначи во сите сектори, вклучително и кај одделите производство на текстил, облека и кожа, каде минималната плата беше околу 8000 денари.

Благодарение на ова решение 50.000 работници од трудово интензивните индустрии добиваат плати повисоки за околу 4000 денари месечно, а вкупно 90.000 работници веќе две години добиваат повисока плата. Ова е само прв, но многу значаен чекор кон подобрување на условите за живот на работниците“, рече кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

„Се реализираа и долгогодишните барања за бенефициран стаж на рударите, со што од оваа година мажите одат во пензија со 40 години, а жените со 35 години стаж. Овој закон веќе се спроведува и првите 50 рудари заминаа со бенефициран стаж во пензија.

Со новите законски измени обештетени се 10.700 илјади стечајци, кои долго време беа оставени без никаков надоместок. Предвидени се по 7000 денари за секој стечаен работник месечно со што се исправаат големите неправди наследени од претходната власт.

Како претседател приоритет ќе ми биде да обезбедам услови за развој и напредок на државата и сите наши граѓани. Посветено ќе работам на подобро позиционирање на нашата држава во меѓународните води, но и на унапредување на законските решенија кои ќе гарантираат повеќе права за нашите работници и повисок стандард за нашите граѓани. На овој начин ќе им го овозможиме животот што го заслужуваат и ќе ги охрабриме младите да ја градат својата иднина тука, во својата земја.

Мојот противкандидат има спротивни намери. Силјановска отворено говори дека ќе ги кочи и внатрешните реформи и интеграцијата на Република Северна Македонија во меѓународните организации, исто како што тоа во моментот го прави Иванов. Ова не смееме да го дозволиме. Затоа ве повикувам масовно да излеземе на гласање на 5 мај и да гласаме за бројот 3. За повеќе права на нашите граѓани, за услови за развој и напредок, за перспективна иднина во НАТО и ЕУ. Нека ни е честит Меѓународниот ден на трудот. Од 5 мај па натаму одиме сите заедно напред“, изјави Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар