(ВИДЕО) Пендаровски: Граѓаните бараат промени на слободни избори

Од:

Денеска сме во Демир Капија да се видиме со луѓето кои живеат во еден од најпасивните краеви во Македонија, за жал. Она што можеме да го чуеме од разговорите со нив проблемите се исти практично во цела држава. Економијата е во катастрофална состојба. Економско-социјалната ситуација генерално е на многу ниско ниво. Практично ваква сиромаштија не се памети од 90-та до денес во независна Македонија, изјави Стево Пендаровски, носител на столбот Партнерства за Македонија.

Како што одиме од оптшина во општина, од град во град, од село во село истата приказна ја слушаме од сите граѓани дека вака во Македонија повеќе не може да се води политика, вака не може да се води држава. Нивните надежи се во промена на политичката гарнитура којашто ја има узурпирано власта во последните години. Нивната надеж е во следните избори коишто мора да бидат демократски, слободни и фер за воопшто да може да добиеме кредибилен победник и луѓе кои ќе знаат да ја поведат земјата нагоре од ова дно на коешто е допрена.

Деновиве очекуваме одлука во однос на претстојните парламентарни избори, поточно изместување на рокот којшто беше еднострано договорен од двете партии во сегашната влада за 24-ти април. Очекуваме овој пат да не се фиксира нов датум за избори се додека не се имплементираат во целост обврските од Договорот во Пржино.

Ако се имплементираат како што е договорено, како што се потпишани тие обврски од тој договор, општо е уверувањето, не само овде во Демир Капија, туку во цела Македонија, дека опозиционото расположение е на највисоко можно ниво и дека е неспорно доминантното мнозинство во Македонија на страната на здружената опозиција и на целокупниот граѓански сектор кој подржува подобра, слободна и европска Македонија.

Значи со надеж дека ќе биде подобро продолжуваме со нашиот караван низ останатите делови на Р.Македонија и пораката којашто ја испраќаме тука и до останатите граѓани во останатите општини во Р.Македонија е истата: немој да губите од енергијата којашто ја имате од лани па до денес во континуитет, затоа што промените доаѓаат и тие ќе се случат многу брзо.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

СДСМ: Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција