(ВИДЕО) Пендаровски: Граѓанинот го прашуваме што му треба, а не кој е

Од:

Едно општество за сите граѓани, кое ќе биде инклузивно за секој поединец без разлика на етничката или верската припадност, беше пораката која што се испрати на денешната дебата за промовирање на петтиот столб од „Визијата за Македонија“.

Говорниците порачаа дека првите четири столба: одговорна власт, праведно распределен доход, пристојна работа и европска иднина, не можат да функционираат ако постојат длабоки поделби по етничка основа.

Носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, порача дека по дефиниција во средната класа влегуваат сите граѓани на едно општество.

– Квалитетно образование, здравство и судство се најзначајните столбови во една држава. Ако функционираат квалитетно, никој не може да биде исклучен од нив, било по верска, национална, или партиска основа. Квалитетот треба да им биде достапен на сите, не само на одбраните од власта – рече Пендаровски.

Тој истакна и дека граѓанската димензија е клучна за мултиетничко општество како нашето, а вклучувањето на сите етнички заедници кои се застапени и со помалку од 10 отсто во населението не треба да биде изоставено.

– Професионалните вештини мора да станат примарен критериум за напредок наместо привилегиите кои ги носи партиската книшка од владејачката партија -додаде Пендарвски.

Би можело да ве интересира

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски