(ВИДЕО) Пендаровски: Формирана натпартиска граѓанска коалиција

Од:

Денеска сакаме да објавиме повелба за граѓаните за Македонија. Тоа е документ кој од денеска го нудиме јавно на увид на сите оние што се заинтересирани, на сите граѓанки и граѓани, на сите политички партии, невладини организации, здруженија на граѓани, групи, експерти, поединци, религиозни и етнички здруженија. Буквално до секој човек кој живее во оваа наша земја, ако сака, ако смета дека е сега моментот да се приклучи, да го направи тоа затоа што нашата цел со овој документ е да дадеме поддршка на концептот на граѓанска Македонија и да се обединиме во натпартиска коалиција, општонародна натпартиска коалиција која ќе ги испорача своите барања на 17-ти мај кога е закажан големиот општо народен протест пред Владата на Република Македонија.

Оние кои тоа сакаат да го направат можат да го направат и со потпишување на тој документ. Оние кои сакаат на поинаков начин, во поинаква форма тоа да го сторат, да дадат поддршка на оваа иницијатива можат да го направат тоа.

Во секој случај за нас најважно е што е можно поширок круг на луѓе, надвор од опозиционата коалиција којашто ги организира формално овие протести д се приклучат и да кажат дека се против начинот на кој досегашната полициско партиска врхушка ја раководи Република Македонија.
Ќе почнеме со активностите на таа натпартиска граѓанска коалиција на 17-ти мај и ќе продолжиме да протестираме се до падот на оваа Влада и до формирањето на преодна влада која ќе треба да заврши неколку работи кои јавно ги имаме и досега кажувано, а ги има и во оваа повелба за којашто реков од денеска ќе биде на увид на целокупната македонска јавност.

Оваа коалиција која денеска ја промовираме нема да биде на трајни основи, нема да трае вечно туку ќе трае до формирањето на преодна влада.

Ја користам оваа прилика да ги повикам сите оние кои сметаат дека оваа власт не владее демократски, дека масовно ги крши човековите слободи и права да се приклучат.

Основната работа во оваа повелба е дека не станува збор за битка за власт на две политички партии туку станува збор за битка на целиот слободоумен народ, на сите слободоумни граѓани наспроти неколкумина луѓе во врвот на најголемата партија во власта.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни