(ВИДЕО) Пендаровски: Административци нема да биде избркани, луѓе со партиски книшки нема да се примаат

Од:

„Најдобро чувана државна тајна е колку луѓе реално се алиментирани од државниот буџет, а работат во администрацијата.

Во администрацијата луѓето се примаат и унапредуваат исклучиво по партиски критериуми, а не по критериуми на стручност, образование и компетентност.

Новата Влада, предводена од СДСМ, по 11 декември ќе преземе сет на мерки со кои драстично ќе ја подобри состојбата на админстрацијата и ќе овозможи таа навистина да биде сервис на граѓаните, а не партиска испостава на владејачката партија која служи како резервоар за таканаречени сигурни гласачи.

Прво ние ќе го објавиме регистерот на администрацијата, затоа што тоа не смее да биде тајна, не само поради меѓународната туку поради домашната јавност и луѓето плаќаат за таа администрација. Значи бројката на администрацијата мора да биде јавно позната по министерства, по сектори, по сите нивоа на цела територија на Република Македонија.

Во државната администрација нема да се примаат луѓе со партиска книшка. Единствен критериум за вработување во администрацијата ќе биде знаењето, вештините и пред се професионалноста и компетентноста.

Унапредувањето ќе биде според истите критериуми.

Она што посебно сакаме да го нагласиме е дека ниту еден човек што е вработен во администрацијата не треба да стравува за своето работно место по промената на 11 декември, освен оние, а тоа е мал број, кои го имаат прекршено законот. Значи со реорганизација на државната управа, со преквалификација сите ќе ги задржат своите работни места затоа што со паметен план за работа сите тие можат да придонесуваат за крајната цел, а тоа е ефикасен сервис за граѓаните , а не сервис за владејачката партија и секако не овозможување на сигурни гласови за таа партија да остане на власт бесконечно, без оглед на политичките резултати“, изјави Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа