(ВИДЕО) Пендаровски: 12.000 денари месечно за екстремно сиромашните семејства

Од:

„Се наоѓаме на самото место на злосторот, каде што Владата на РМ во изминативе 10 години потроши близу 700 милиони евра, од она што е јавно познат податок, инаку неофицијално 1 милијарда евра за мермер кој не е мермер и за стиропор.

Во исто време над 180 илјади наши граѓани тонат во сиромаштија и живеат со едвај 40 денари на ден. Македонија е екстремно сиромашна држава и тоа за Владата во изминатиов период не беше никаков приоритет. Тие луѓе беа отфрлени и заборавени, како да не се граѓани на РМ.

По 11 декември, Владата предводена од СДСМ ќе понуди цел сет на мерки преку програмата за искоренување на сиромаштијата кои од корен ќе ги променат состојбите и ќе отворат патека за развој на тие семејства и луѓе кои сега немаат ниту за леб и буквално преживуваат од ден за ден.

Во програмата, основна мерка ќе биде месечниот приход за 4-члено семејство кое ќе биде во категоријата на екстремно сиромашни од 12.000 денари и тие 12.000 денари ќе ги добиваат секој месец, независно дали се од владејачката партија или на сосема друга партија. Тие луѓе мораат задолжително да примаат месечен надоместок од 12.000 денари.
Владата предводена од СДСМ ќе воведе семеен социјален работник кој 24/7 ќе биде достапен на семејствата и поединците кои имаат потреба од тоа.

Една од поважните мерки кои ќе ги направиме по 11 декември е дисперзирање на надлежностите, односно спуштање од централно на општинско ниви, затоа што општините секогаш се поблиску до граѓаните и наместо да чекаме од Скопје, од централната власт или Влада да води сметка за секое сиромашно или семејство со посебни потреби, тоа ќе го прават општините.

Почитувани граѓани, на 11 декември е ден за одлука. Само од вас зависи дали сакате да живеете како и досега во екстремна сиромаштија и потполно заборавени од властите кои сте ги бирале да водат сметка за вас или сакате да му дадете шанса на животот и на Планот за живот во Македонија на коалицијата предводена од СДСМ.

За нас секој од вас е важен и тоа практично ќе го покажеме по 11 декември кога во РМ ќе бидат отворени сосема нови перспективи и за лицата и семејствата кои спаѓаат во категоријата сиромашни“, рече Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот

(ВИДЕО) Трајковски: Промени во Кисела Вода, Орце беше администратор на лаги – ништо не направи

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

(ВИДЕО) Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

Герасимовски: Двосменско работење и поволни цени за престој во градинките како поддршка на младите семејства