ВИДЕО: Пазарните инспектори затвориле пет угостителски објекти во Скопје и 60 кафемати на бензиски пумпи и други локации

Од:

За пет дена или од 9 до 13 април, шесте инспекторати во државата спровеле 1319 надзори, од кои 514 се на Пазарниот инспекторат чии инспектори затвориле пет угостителски објекти во Скопје. Во истиот период, пазарните инспектори ги контролирале и кафематите на бензинските пумпи и на сите други локации, при што забранети за употреба се 60 кафемати во Скопје, Тетово, Битола и Куманово.

„Останатиот дел од инспекциските надзори спроведени од страна на Државниот пазарен инспекторат се однесуваат на контрола на замрзнатите цени на одредени производи кај малопродажните и големопродажните објекти, при што констатацијата е дека поголемиот дел од трговците ги почитуваат одлуките за смрзнати цени од Владата, а онаму каде имало зголемување, на субјектите им е наложено да ги вратат цените на износите утврдени на 11 март“, рече Магдалена Филиповска Грашкоска, претседателка на инспекциски совет.

Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 162 надзори во повеќе градови низ државата и различни видови на субјекти како маркети, угостителски објекти, месарници, зелени пазари.

„Изречени се две мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна, дополнително се издадени и 19 решенија за лоша општа хигиенска состојба. Задолжени се субјектите соодветно да постапат и да преземат мерки и активности за дезинфекција на нивните објекти. Изречена е една глоба за пуштање во промет на производ со поминат рок“, соопшти Филиповска-Грашкоска.

Би можело да ве интересира

Во Свети Николе како во Кочани: Угостителски објект, дивоградба, без најоснови услови за работа

Катерина Ѓуровски

Институциите се растрчаа: контроли во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, два затворени

Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Заради пропусти на власта Пазарниот инспекторат не може да ги казнува маркетите

Катерина Ѓуровски

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски

Пазарен инспектор од Струмица земал мито, во притвор е

Катерина Ѓуровски