(ВИДЕО) Пачков: СДСМ и градоначалникот Дамјановски го однесоа во банкрот ЈП Куманово Паркинг

Од:

Лошото раководење со општината од страна на СДСМ и градоначалникот Зоран Дамјановски го однесе пред банкрот и ЈП Куманово Паркинг, нагласи Јордан Пачков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес – конференција.

Додека во сите општини претпријатијата за паркинзи се профитабилни и се значајни за општините, истакна тој, ЈП Куманово Паркинг тоне во големи долгови и е пред банкрот.

– Долгогодишното уништување на јавните претпријатија како ЈП Куманово ГАС, ЈП Водовод Куманово, ЈП Куманово Паркинг е резултат на лошото водење на општината од страна на СДСМ и Зоран Дамјановски, рече Пачков.

Куманово Паркинг, информира, има акумулирани загуби од 16.583.661 денари и тековни обврски од 28.864.000 денари.

– Од тековните обврски 24.000.000 денари се долгови кон добавувачи, а 4.864.000 денари се краткорочни обврски. Значи вкупниот долг на претпријатието, кој за жал се повеќе се зголемува, изнесува 45.447.661 денари, појасни пратеникот Пачков и додаде оти  ЈП Куманово Паркинг е единственото претпријатие за јавни паркинзи во светот кое трпи огромни загуби.

Уште една потврда дека претпријатието е пред банкрот, посочи, е тоа што вработените веќе четири месеци немаат земено плата.

– И покрај огромните загуби кои ги претрпува претпријатието, советниците на СДСМ и градоначалникот Дамјановски донесоа одлука на седница да пренаменат 4.000.000 денари од јавното осветлување кое е под ЈП Куманово Паркинг, за зголемување на основачкиот влог на ЈП Куманово Гас, кое исто така е во огромни долгови. И пак двете претпријатија во огромни долгови и загуби, изјави Пачков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Пачков ги повика СДСМ и Зоран Дамјановски  да понесат одговорност пред граѓаните на Куманово за недомаќинско и, како што рече, шарлатанско водење на општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми