ВИДЕО: Отворен меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители „Херои на Македонија“

Од:

Оддавајќи им должна почит на сите наши загинати припадници на безбедносните сили на Република Македонија, но и на нивните најблиски, чија што загуба ниту ќе може, ниту ќе се успее кога било да се надомести, ние истовремено оставаме и една силна порака – дека никогаш и заради ништо не смее да заборавиме кому и што му должиме, рече министерот Оливер Спасовски на отворањето на меморијалниот спортски турнир „Херои на Македонија“, денеска во салата Борис Трајковски во Скопје.

– Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. Вредност која што не зближува едни со други, која што ја дава онаа важна нитка на благородна почит, и која што им помага на спомените да останат – бесмртни. Овој меморијален спортски турнир “Херои на Македонија“, ја има токму таквата возвишена цел: повторно да не собере, и сите заедно да си припомниме за луѓето што некогаш беа со нас, се радуваа и тагуваа со нас, и што храбро и достоинствено ги положија своите животи за нас, за татковината -нашите другари, соборци и колеги- рече Спасовски.

Овој меморијален турнир во мал фудбал, традиционално се одржува по единаесетти пат во Скопје.

Би можело да ве интересира

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он