(ВИДЕО) Отпор: Ова не е време за молчење и неутралност

Од:

На вечерашниот протест во скопје, беше презентиран видeо материјал за тоа што се случуваше на 24.декември 2012 година, денот кога, велат, власта ја уби демократијата.

Народот жестоко реагираше на снимките на бруталното исфрлање на новинарите и на влечењето, тепањето и бркањето на опозицијата од Законодавниот дом, за насилното одземање на нивниот мандат кој го добија од народот.

Револтот го зголемија снимките на кои се гледа како пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и министерката за внатрешни работи мирно набљудуваат, сликаат и праќаат СМС пораки, додека нивните колеги беа влечени и исфрлани.

Уаааа лопови, долу влада, се извикуваше на снимката со аплауз кога спикерот Вељаноски прогласува дека буџетот е изгласан.

Затоа порачаа: Ова не е време за молчење и неутралност.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги