ВИДЕО: Откриена работилница за оружје во Љубин, скопско, пронајдено оружје и муниција

Од:

При претрес во домот на 38-годишен маж од село Љубин, откриена е работилница за поправка на оружје, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција, информира МВР.

– На 09.07.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје запреле патничко моторно возило „опел зафира“, управувано од М.Ш. (38) од с. Љубин. При преглед на возилото пронајдени се 300 куршуми различан калибар, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Потоа, по добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.Ш. во с. Љубин и при тоа е откриена работилница за поправка на оружје, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција, известува МВР.

М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ.

Би можело да ве интересира

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он