ВИДЕО: Откриен насад со марихуана во кумановско, еден приведен

Од:

44- годишен жител на селото Винце е приведен денеска откако полицијата утврдила дека насадил и одгледувал насад со марихуана.

-На 19.09.2022, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и соработка со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Куманово во пределот на село Винце, кумановско, открија место со насад со растението канабис сатива.По насоки од Јавен обвинител од ОЈО Куманово растенијата биле подигнати за понатамошна постапка. Додека, по преземени мерки и активности, денеска (20.09.2022) полициски службеници од СВР Куманово утврдиле дека П.С.(44) од с.Винце го сторил кривичното дело, односно вршел садење и одгледување на насадот со марихуана се вели во информацијата од Минситерството за внатрешни работи.

Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање и расчистување на случајот, СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес