(ВИДЕО) Откази за професорите чии оценки 2 години нема да се поклопуваат со екстерното

Од:

По скратена постапка се носат измени на Законот за основно и средно образование, според нив казните и наградите од екстерното тестирање остануваат. Од оваа учебна година на професорите и наставниците им се заканува опасност од откази ако 2 години по ред нивните оценки не се поклопуваат со оние од екстерното тестирање.

– Сето ова е пресметка со просветните работници заради протестите и штрајковите, мислам дека пресметка и реваншизам, бидејќи ако за две години еден наставник покаже послаб успех, односно отстапки во оценки во вакво екстерно што е уникатно во цел свет, како е можно по две години да му се даде отказ на еден просветен работник, вели професорот Владо Димовски од Наставнички пленум.

Според Наставничкиот пленум овие измени се направени исто како и претходните без анализи и без консултации.

– Мене ме чуди зошто е тоа по скратена постапка кога учебната година е на крајот и има време до почетокот на следната, до септември. Она шт најмногуи ме загрижува е што никој од нас, практичарите не е консултиран и покрај протестите на наставничкиот пленум, на средношколците, на студентите, никој ништо не слуша, се носат закони кои никому не одговараат и кои до крајот на летово може и да паднат на Уставен суд. Казните за наставниците се укинати за учебната 2013/14 година со спогодбата меѓу синдикатот и МОН, но тие се враќаат повторно во 2014/15 година, вели професорот Димовски.

Според него во измените спорна е одредбата според која ако наставник две години по ред биде позитивно оценет на екстерното ќе добива награда од 15 отсто од платата до крајот на работниот век. Димовски вели дека СОНК молчи бидејќи има писма според кои уште на 26 мај владата одлучила да има измени, а СОНК не бил информиран.

Апсолутно ги отфрлам сите тврдења и обвинувања дека не сме биле информирани и дека казните за наставниците по основа на екстерното оценување и тестирање продолжуваат и следната година и идните години, а наводно се исфрлени казните само за минатата година. Ова е ставот на Јаким Неделков, претседателот на СОНК за измените во законот што се носат по скратена постапка.

– Тоа се шпекулации и невистини затоа што ако подобро се погледне текстот на законот добро се гледа дека тој член каде што беа третирани казните сега се менува и кажува нешто сосема друго а тоа е дека ќе се наградуваат наставниците.

Неделков тврди дека успех на СОНК во преговорите со МОН е што се укинува одредбата во законот за основно и високо образование за казна на наставниците во износ од 15 отсто од платата ако оценките што ги дале не се поклопуваат со оценките на екстерното оценување.

Сепак, во изменетиот закон за средно основно образование остануваат одредбите според кои наставникот може да биде отпуштен од работното место ако две години по ред има драстично отстапување во оценките.
Неделков тврди дека тоа екстерното оценување ќе биде само еден сегмент од оценувањето на работата на наставниците.

Објаснувањето на Неделков зошто морало експресно да се носат измени во законот е заради тоа што само така ќе можело наставниците и професорите кои имаат решенија за казни од минатата година да не се реализираат.

A.Б.

Би можело да ве интересира

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Јаневска: Во моментов нема опција за зголемување на платите на наставниците

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура