ВИДЕО: Откако изгоре трската, пожарот во Струга го гаснеше само едно возило

Од:

Со едно возило, по неколку часа беше изгаснат пожарот којшто ја зафати трската во крајбрежјето на Охридското Езеро кај Струга.

Поради ветрот, огнот се движеше со голема брзина, а мештаните велат дека по долго време пожарот сепак бил локализиран, откако изгорела трската најверојатно „до таму до каде што на некого му треба“.

Според мештаните, на ова место каде што денеска гореше трската, се зборува дека е во план изградба на хотел.

Изминатиов период палењето на треска во крајбрежјето е честа глетна на страшката страна на езерото. На тоа реагираа бројни еколошки организации кои изразија сомнежи дека трската се пали намерно на места на кои подоцна е планирана изградба на угостителски објекти.

Од Охрид СОС тогаш кажаа дека максимално се користи секој момент, имајќи предвид дека Владата најави дека ингеренциите за плажите во Охрид и Струга ќе преминат од општинско на државно ниво.

Од невладината организација „Извиднички одред“ стравуваат дека зад случаите со палење трски се кријат економски и градежни интереси покрај езерото.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче