ВИДЕО: Основните училишта во Гази Баба се подготвени за безбеден почеток на учебната година во двата модела

Од:

Сите 11 основни училишта во општина Гази Баба се подготвени за почеток на новата учебна година, велат од општината.

По завршениот увид на сите основни училишта, градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, најави дека училиштата се подготвени за одржување на двата модела настава и онлајн и со физичко присуство.

„Електронските платформи за електронско учење се веќе готови и веќе се прикачуваат на интернет-страниците на училиштата. Подготовките за физичкото присуство се исто така во завршна фаза. Преку заеднички насоки, препораки и совети направивме добра стратегија со мојот тим, директорите и експерти од оваа област, како ќе се дејствува од 1 септември, без разлика на моделот на настава – со една единствена цел, безбеден почеток на учебната година“, рече Георгиевски.

Оваа недела ќе бидат готови и протоколите за сите основни училишта одделно кои ќе им бидат презентирани на родителите. Дополнително на ова, секое училиште ќе има посебен план за дезинфекција и шема за движење низ училиштето.

„Покрај ова, направив увид и во градежните работи во секое училиште, кои се во завршна фаза. За нас, инвестициите во квалитетен образовен процес и подобри услови се учениците, се вложување во квалитетна иднина. Ние ги преземавме сите неопходни мерки за заштита на учениците, но тука најголема поддршка ни треба од родителите. Секој од вас е потребно да разговара со своето дете и да го подготви за новата состојба во која би се одржувала наставата. Иднината и безбедноста на младите генерации за мене се најважни, затоа сите треба да дадеме сè од себе за да имаме безбеден образовен процес“, изјави Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on