(ВИДЕО) Османи во Виена ги претстави приоритетите за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година

Од:

Денес, во Виена, министерот за надворешни работи Бујар Османи ја претстави приоритетната рамка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Зборувајќи пред амбасадорите во рамки на Постојаниот совет на ОБСЕ, МНР Османи ја образложи рамковната платформа на претседавањето во 2023 година. Информирајќи ги амбасадорите за нашите приоритетни цели и проекции за претседавањето, министерот се фокусираше на актуелните предизвици во регионот на ОБСЕ.

МНР Османи истакна дека руската агресија врз Украина и улогата на ОБСЕ во намалување на далекусежните последиците од кризата неминовно ќе зазема централно место во нашата агенда во 2023 година. Реализацијата на приоритетната рамка во најголема мера ќе зависи од развојот на ситуацијата во Украина, која директно се рефлектира на односите во ОБСЕ.

“За жал живееме во ера на турбуленции. Ситуацијата во регионот на ОБСЕ е критична. Рамковните приоритети се подготвени во корелација со актуелната политичка слика и треба да ги одразат општиот интерес на Организацијата во време на криза. На тој начина демонстрираме свесност за реалните предизвици, препознатливост и целисходност”– истакна министерот, Османи.

Министерот посочи дека прелиминарните приоритетни цели се на линија на принципите и заложбите на Организацијата и дека истите имаат повеќекратна цел: да ги рефлектираат нашите интереси, да одразат континуитет на редовните приоритети на ОБСЕ, но и истовремено да соодветствуваат и одговараат на денешната сложена геополитичка констелација на односите. Во таа смисла, тој ги издвои енергетската безбедност, безбедноста на храна и вода, како теми што со својата актуелност се наметнуваат и врз агендата на ОБСЕ.

“Доколку не дискутираме за вакви или слични предизвици, се ризикува истите да станат перпетуални, допoлнителни извори на конфликти” – подвлече министерот, Османи.

Рамковните приоритети произлегуваат од концептот на севкупна безбедност на Организацијата. Тие се осврнуваат на тематски целини поврзани со традиционалниот корпус прашања што се провлекуваат во агендата на ОБСЕ низ годините: замрзнатите конфликти, нивната превенцијата, менаџирање и трансформација. Понатаму, теми поврзани со економијата и животната средина, дигитализацијата, климатските промени како и тие кои произлегуваат од хуманата димензија на ОБСЕ, со цел зајакната промоција на човековите права и слободи, доброто владеење, родовата еднаквост и младинските политики. Промоцијата на придобивките од нашиот модел на функционална мултиетничка демократија ќе биде дел од приоритетната рамка на претседавањето.

Северна Македонија го презема претседавањето во 2023 година од Полска, а согласно утврдениот формат, оваа година претседава со Медитеранската група партнери на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов