(ВИДЕО) Орцев: Работниците наместо главна алка во општеството станаа маргинализирани граѓани

Од:

Кандидатот за пратеник на СДСМ Панче Орцев ги посети вработените во една од текстилните фабрики во Струмица, презентирајки ги мерките за промени.
„Знае ли некој да каже, какви права денес имаат луѓето кои со мака, труд и пот ја обезбедуваат својата и живеачката на своите семејства, праша Орцев.

Кандидатот на СДСМ истакна дека работниците денес во Република Македонија, наместо да бидат главна алка во општеството станаа маргинализирани граѓани, иако токму од нивните усти се одвојуваат за луксузирањата на Груевски и неговите министри.

„За 8 години колку што ВМРО ДПМНЕ е на власт сведоци сме на систематско скратување на правата на работниците и тоа секоја година се повеќе и повеќе, а луѓето од синдикатот наместо да се грижат за работничките права, повеќе се грижат за своите фотељи и за рејтингот на Груевски“, рече Орцев.

Тој потенцираше дека СДСМ како лево ориентирена партија на која во преден план и е заштитата на работникот и граѓанинот енергично се противи на таквата состојба и со својата програма на работниците им нуди бројни поволности:

– Ревизија на Законот за работни односи и целосно почитување на меѓународните стандарди за работничките права.

– Минималната плата ке изнесува 10.000 денари и ке важи веднаш и за сите.
– Времетраењето на паричниот надоместок за технолошки вишок од 18 месеци ке се зголеми на 3 години.

– Работа во ноќна смена не смее да трае без прекин подолго од 1 недела.

– Скратено работно време за лица со посебни потреби, како и
зголемување на надоместокот на плата за неискористен редовен годишен одмор, рече Орцев.

Кандидатот за пратеник Орцев, додаде дека со овие мерки во таа област, како и со мерките од првиот столб од програма за враќање на средната класа, на работниците во нашава земја ќе им биде вратено достоинството, среќата и животот кој го заслужуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?